Кога се работи за веѓите, многу жени лутаат на погрешен пат и претеруваат, така што нивните средени веѓи изгледаат полошо отколку пред средувањето. Затоа ви откриваме што треба да правите со вашите веѓи, а што никако не смеете да си дозволите.
1. Имајте изразени веѓи
Стилизирајте ги веѓите како оние на Кара Делавињ, која е заслужна за тоа дека сè повеќе жени имаат густи веѓи.
2. Не ги запоставувајте
Изострете ги малку вашите веѓи и посветете им само малку внимание, бидејќи на тој начин може да изгледате и некоја година помлади.
3. Бојата на вашата коса нека се совпаѓа со бојата на веѓите
Ако се фарбате, купете и моливче за веѓи во иста боја на фарбата, за да не се разликуваат многу од бојата на косата. Секогаш наострете го добро моливчето за да не ви се размачка кога го нанесувате.
4. Внимавајте веѓите да не ви бидат потемни од косата
Ако не можете да најдете моливче во соодветната боја, купете моливче со посветла нијанса од бојата на вашата коса.
5. Не заборавајте да се оддалечите од огледалото
Кога го нанесувате моливчето на веѓите, на неколку секунди оддалечете се еден чекор од огледалото за да проверите дали сте нанеле доволно боја.
6. Не бидете опседнати со симетријата
Кога ги средувате веѓите, не се обидувајте да ги изедначите за да ви бидат идентични, бидејќи за момент може да претерате, а потоа нема назад.
7. Не ги избелувајте веѓите
Избелувањето на веѓите никогаш не излегува добро. Само ќе изгледате чудно и болно.
8. Не чупајте премногу
Најдобро е да ги средувате веѓите по туширање, додека порите сè уште се отворени. Користете огледало и исчупајте ги само веѓите кои штрчат од секоја веѓа – не се обидувајте да ги изедначите.
9. Не го копирајте изгледот на туѓи веѓи
Запомнете дека вам најдобро ви стојат веѓи кои се усогласени со вашата форма на лице, начин на живот и изглед. Не копирајте туѓи веѓи.