Како што пренесуваат електронските медиуми во четвртата сезона ќе бидат воведени нови ликови, а најавено е и дека членовите на бендот„Сигур Рос” ќе имаат мали улоги во серијата.
Четвртата сезона од серијата „Игра на Тронови” премиерно ќе почне да се емитува 6ти април. Да се подсетиме серијата е адаптација на романот од Џорџ Р.Р Мартин која стана голем хит уште од нејзиното премиерно емитување во 2011. Освои голем број на награди како Златен Глобу,БАФТА и ЕМИ.
Оваа серија ја има титулата најпиратизираната серија во 2013, која на пиратските сајтови им е достапна неколку часа по прикажувањето.
Причината за воведување нови ликови е тоа што главните умови зад серијата Давид Беноф и Ден Вајс се големи фанови на бендот „Сигур Рос”од Исланд. Творците ја слушале нивната музика за време на снимањето во Исланд.
Серијата често се поврзува со музичари. Групите „Д Нашнал” и „Д Холд Стеди” пишуваа песни за соундтракот а тапанарот на „Колдплеј” Вил Чемпон и Гери Латбоди од „Сноу Патрол” имаа мали улоги во третата сезона.