Жените ја приметуваат насмевката кај мажите, големината на рацете и стапалата…Што е она што мажите најпрвин приметуваат кај нас?
Лице – Можеби е за изненадување, но лицето е сепак на прво место. Подоцна погледот се фиксира појужно, но се уште лицето е на прво место.
Гради и задник – Логичен поглед. Не се безобразни туку само заинтересирани!
Облека – Верувале или не, тие внимаваат и на нашата облека. Единствена разлика меѓу нас и нив е тоа што ние водиме сметка дали ни одговара маицата со чантата додека пак тие дали нашата облека одговара на нивниот карактер. Мажот кој бара сериозна врска, нема да падне на оскудно облечена жена.
Гласноговорна – Гласните жени не се мамец за мажите – но затоа тивките се. Мажот сака сам да открие каква е жената, но доколку ја слушне од другиот крај на собата, повеќе нема да биде заинтересиран за неа.
Опкружување – Кога си во друштво со мажи, иако ти се само колеги и пријатели, оној кој те снима ќе помисли дека си жена која сака да привлекува машко друштво. Вие сте КОКЕТА!
Шминка – Доколку тушот не ви е правилно нанесен, нема да приметат. Но, доколку имате кило шминка на сред бел ден, тоа секако ќе го забележат. Мажите ги преферираат жените кои изгледаат природно. Жените со многу шминка никако не се привлечни.