
Марија Шерифовиќ од непознати причини пред некој ден се обидела да стапи во комуникација со Ким Кардашијан на Твитер. Почнало вака: Ким Кардашијан се пожалила дека фотките што ги објавува на социјалните мрежи не се споделуваат до сите нејзини фанови, па барала од истите помош да и објаснат како да го реши проблемот, очигледно незнаејќи за новата монетарна политика на Марк Цукенберг.
Во оваа дискусија се вклучила Марија Шерифовиќ која реално без причина и напишала дека старлетата треба да ги избрише профилите на Твитер и Фејсбук. Ким секако не и одговорила на некултурниот коментар.