“Волкот од Волстрит“, филм на Мартин Скорсезе се базира на вистинска приказна за Џордан Белфорт наречен Волкот од Волстрит, кој на 26 години станал мултимилионер заработувајќи илјадници долари во минута, а на 36 години завршил во затвор поради долгови и оштетување на клиентите, во вредност од 110 милиони долари.
Во своето интервју Белфорт изјавил дека е воодушевен од играта на Дикаприо и дека му помогнал лично додека актерот се подготвувал за улогата.
“Откако го погледнав филмот останав без текст. На добар начин. Јас се помирив со мојот живот во минатото: ја напишав таа книга и тоа за мене беше катарзично искуство. Но да го видиш сето тоа на екран и актер кој толку добро си ја врши работата, навистина беше фантастично доживување. “
httpv://www.youtube.com/watch?v=1H0pFfn9yhM
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z-x6-UQbCUo
httpv://www.youtube.com/watch?v=zRqWcDIZjsU