
Кога еднаш ќе ги научите триковите и тајните што тие ги знаат, ќе можете да го излудите партнерот и да му овозможите моменти на кои ќе се сеќава целиот живот.
Разбудете ја неговата фантазија
Првата лекција што можете да ја научите е дека нема потреба од брзање, сепак сексот е нешто повеќе од пенетрација.
„Предиграта е најважен дел во заведувањето. Сигурно во порно филмовите сте забележале дека има подолги моменти на флертување. Разбудете ја неговата фантазија, минувајќи со брадавиците по неговиот стомак, нежно љубејќи го по внатрешноста на бедрата, натерајте го да полуди по вас и цело време гледајте го во очи”, советува Ангела Аспен, поранешна порно актерка.
Самозадоволувајте се додека ве гледа
Повеќето жени сметаат дека мастурбацијата е приватен чин, но дали знаевте дека мажите обожаваат да гледаат како жените сами се допираат? За нив сексуалната возбуда е визуелна стимулација.
„Ќе му пружите огромно задоволство да ве гледа додека се самозадоволувате, прашајте го во која поза сака да ве гледа, мажите за тоа фантазираат, така што не треба да се сомневате во неговите упатства”, советува таа.
Игра со јазикот
Не ја заборавајте волшебната моќ на јазикот, со него можете да го стимулирате пенисот и сите други ерогени зони. Играјте си со неговите брадавици, тестиси и ушни школки, а доколку сакате целосно да го излудите, врзете му ги очите и експериментирајте.
Кажете му дека е одличен љубовник
„Мажите најмногу се плашат од помислата дека се лоши љубовници”, вели Кендид Ројал.
Треба јасно да му дадете до знаење што точно да прави, а можете да се послужите со речениците од типот „Ме полудуваш”, „Многу те посакувам” и слично.
Нормалното е релативно
Ако за некои работи во сексот мислите дека не се нормални, тогаш постојано ќе бидете вкочанети и неподготвени за експериментирање. За тоа што е „нормално” почнете да размислувате како релативен поим.
„Жените не сакаат да бидат осудувани како чудни или ненормални, но не сакаат нивниот партнер да помисли дека се премногу искусни. Од оној момент кога ќе престанете да се оптоварувате, ќе ви се отворат нови хоризонти”, вели Кендид.
Сакајте ги вашите облини
Мажите го обожаваат сексот и сигурно нема да се откажат од него поради несигурноста за физичкиот изглед. Следете го нивниот пример и заборавете на тоа како изгледате.
Немојте да бидете предвидлива
Свесни сте дека вкусот се менува, затоа не е лошо да ги смените позите што постојано ги практикувате. Воведете новитети во сексуалниот живот и секогаш бидете подготвена да му приредите некое малечко изненадување.