
Безрезервната љубов и пожртвуваност се во ред, но кога почнувате да ја гушите сопствената личност, време е да размислите што сѐ не вреди да направите во име на љубовта.
Не се откажувајте од соништата
Никогаш, ама никогаш и за никого не се откажувајте од сопствените соништа, сѐ додека нивната реализација не е причина за страдање на партнерот.
Никој нема право да ги потценува вашите соништа и да ве попречи во нивното остварување. Напротив, ако вашиот партнер навистина ве сака, ќе ве поддржи да ги следите соништата.
Најдете време и за другите
Врските во кои партнерот бара слободното време да го минувате само со него, честопати може лошо да влијаат врз вас.
Никој нема право да бара од вас да заборавите на блиските, нити пак да ве спречи да се дружите и да ви забрани да излезете со пријателите. Ваквата жртва би била преголема и неоснована, бидејќи ако некој ја бара од вас, верувајте не заслужува да бидете со него.
Не се менувајте
Љубовта значи да го прифатиш другиот со сите свои доблести и маани, а не да се обидуваш да го промениш. Ако партнерот постојано има забелешки за вашиот изглед, за стилот на облекување, телесната тежина и слично, запрашајте се дали за таква личност вреди да се менувате себеси? Во ред е да направите промени кај себе, но само ако самите почувствувате потреба за тоа. Изгладнување и диети за да се задоволи нечија суета е нешто што не смеете да го направите во име на љубовта.
Не дозволувајте да ве контролира
Врската подразбира договарање, разговор и заеднички одлуки. Да дозволите некому да ве контролира, да станете зависни во било која смисла е уште едно нешто кое не смеете да си го дозволите. Вашиот живот е само ваш и никој нема право на целосна контрола врз него.