Што треба секој маж да знае за жените и сексот?

20 септември, 20140
2

Кога станува збор за жените и сексот, постојат повеќе работи на оваа тема кои не се познати или погрешно се сфатени од општеството. Биолошки и психолошки, нештата се повеќе јасни за машкиот, отколку за женскиот пол.

На пример, дури во 2009-та научниците открија како точно функционира клиторисот.Така што тотално е разбирливо што,кога станува збор за хетеросексуален секс, жените немаат секогаш подеднаква можност за максимално уживање во сексот.  Ова се нештата кои треба секој маж да ги знае за жените и сексот.
Она што една жена го мисли за нејзиното тело, влијае на сексот
Не се работи за површност, туку сериозно влијае кое сликата за телото го има врз сексуалниот живот на жената. Истражувањата покажале дека негативното мислење за своето тело, ја прави една жена непривлечна и само-свесна за време на секс, што го трга вниманието од ужување во чинот. Ова е независно од тоа што вие како маж можеби мислите дека изгледа неверојатно добро.
Мажите повеќе уживаат во сексот од жените
Истражувањата покажале дека просечно 8 % од жените постигнуваа оргазам за време на секој вагинален сексуален однос, наспроти мажите, кои скоро секогаш го доживуваат. Други истражувања покажале дека жените повеќе поминуваат време грижејќи се за сексуалното задоволство на партнерот, отколку своето.
 Колку е попосветен мажот, толку е поголемо задоволството кај жената
Мажите малку се посветени на овозможување на оргазам на жената при првата средба, покажале истражувањата. Исто така, колку подолго се мажите во врска, толку повеќе се посветуваат на женското задоволство.
Ако не кажува ништо, не значи дека ужива во сексот
Анкети и истражувања од 2012-та покажале дека жените се грижат за тоа што е прифатено од општеството и затоа не кажуваат што им се допаѓа а што не во кревет. Исто така, се плашат дека ако искажат став за тоа што им се допаѓа а што не, партнерот ќе ги смета за премногу искусни. Затоа понекогаш треба да ја прашате жена што и се допаѓа и во што конкретно ужива.
Жените уживаат во секс без обврски исто колку и мажите
Иако се верува дека мажите сакаат секс без обврски, а жените емоционална врска пред само физичка, најновите истражувања покажаа дека жените се отворени за ова исто колку и мажите – но само доколку ситуацијата ги исполни овие два услови:
1. Да не биде озборувана и нарекувана „лесна“ (или полошо) отпосле.
2. Сексуалниот партнер да биде вешт во кревет и да биде искуство во кое ќе ужива.
На жената и треба просечно од 10-20 минути за да постигне оргазам
Ова вклучува предигра и вагинален сексуален однос. Затоа обрнете внимание на предиграта и прашајте ја што сака. а доколку не доживее оргазам за време на сексот, тоа не значи дека било залудно потрошено време. Истражувања покажале дека многу жени не оргазмираат при секс, а ниту пак тоа им е клучен исход од сексуалниот чин секогаш.
Бонус: Кога не сте сигурни, прашајте
Нема да си помисли дека не знаете ништо во кревет, туку ќе биде среќна што се грижите за нејзиното лично задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi