Сиромашно момче повикало полиција, но ваков одговор не ни сонувал!

popara20 јуни, 20141min00
9

Полицаецот Гетано Асера одговорил на повикот на 13 годишниот Камерон Симонс кој се скарал со родителите и рекол дека не сака да живее повеќе со нив.
Момчето раскажало како неговото семејство нема пари да купи кревет за него, што е причина за чести семејни расправии, поради што тој сака да го напушти домот.
Асера разговарал со него и продолжил со обврските, но неговите зборуви не му излегувале од глава. Одлучил да му помогне колку може, и испратил камион полн со подароци. Во него имало кревет, телевизор, стол, маса, игрици кои ќе ги игра со својот нов пријател и други подароци.
Приказната брзо се распространила низ социјалните мрежи па стигнала и до медиумите. Полицаецот со големо срце не сакал ова да стане јавно, едноставно сакал да види насмевка на едно детско лице.
Не го направив ова за популарност. Го направив бидејќи можев. Мислам дека тоа е правилна постапка и сите би требало да го прават истото – вели Асера.

djecak-policajac-poziv-2

djecak-policajac-poziv-3

djecak-policajac-poziv-4