Систем со кој возачите ќе го фатат зелениот бран!

popara1 април, 20141min00
honda-razviva-sistem-shto-go-sledi-zeleniot-bran-178186

Еден од проблемите со кои возачите секојдневно се сретнуваат е неможноста за фаќање на зелениот бран. Тој проблем често се јавува и поради деконцентрираноста на возачите, неусогласеноста на брзината со интензитетот на сообраќајот.

Системот на Honda, ќе ја снима ситуацијата при приближувањето кон раскрсницата и ќе им даде информации на возачите за брзината со која треба да поминат за да поминат без застанување.

Ако потребната брзина е повисока од дозволената, системот ќе го извести возачот дека е потребно да престане да забрзува и да почне да го сопира возилото. Откако тој ќе застане, самиот систем почнува со одбројување до следното зелено светло.

Honda ќе го тестира системот во април во Јапонија, а задачата ќе биде да утврди колку заштедува гориво, колку придонесува за безбедноста и текот на сообраќајот.