Скарлет Јохансон кожата ја негува со лимон и јаболков оцет

popara10 јуни, 20141min00
11

И покрај бројните козметички препарати кои се нудат на пазарот, Скарлет Јохансон кожата ја третира со сок од лимон и јаболков оцет.
Неодамна почнав да ги истражувам природните начини за негување на кожата. Тоа е совршено за оние кои не сакаат да употребуваат хемиски препарати – изјавила Скарлет.
Сокот од лимон е одличен за тенот. Добар е бидејќи е природен. Друг природен производ кој можете да го најдете во било која продавница е јаболковиот оцет. Ако имате проблематична кожа или проширени пори навистина може многу да помогне.