Слепа, нездрава, опсесивна и штетна – тоа е љубомората

28 октомври, 20140
11

Отеловиот синдром е душевно понижувачко расположение, а да се биде свесен за тоа е повеќе болно од самото чувство. Слепа, нездрава, опсесивна и штетна – тоа е љубомората.

Збрката од емоции во која доминира стравот од загуба на љубовта на саканата личност е интензивна емоција која ни задава многу болка, не поттикнува на лудост која сите ние сме ја искусиле барем еднаш во животот – никој не може да рече дека е заштитен од „чудовиштето со зелени очи“ – поимот со кој Шекспир ја нарекуваше љубомората во својата драма „Отело”. Тоа е чудовиште со необична раздразливост кое ги напаѓа своите жртви, па тие насекаде го гледаат и она што го нема: фатални погледи, намигнувања, флертувања, шифрирани пораки…

jealous-girls

За да го оттргнеме или барем да го затишиме црвот на сомнежот и бесот, потребно е одлучно да се соочиме со проблемот. Ѕверот во нас не е нескротлив; доволна е една насмевка, некоја позитивна мисла и нашата палета од пријатни техники, кои можат крадешкум да ги прочитаат и оние кои не се сметаат за љубоморни.

jealousy picturebleachedsmall

Доколку вашиот партнер/ка, и покрај мислењето на било кој, ви изгледа груб/а, отсутен/а, далечен/а и ако сметате дека не ви дава доволно љубов; ако не можете да се воздржите од паничното проверување на неговиот/нејзиниот телефон или електронската пошта; ако детално пребарувате по неговата/нејзината торба, гардеробата или паричникот од страв или со сигурност дека ќе пронајдете компромитирачки хотелски или други сметки; ако сте во константна потрага по љубовни или сексуални докази; ако не може да ве разубеди никаков збор или постапка од другата страна – вие сте љубоморни!

Ако вашата љубомора е патолошка, би требало да побарате стручна помош, а ако се работи за безопасни и привремени емоции, многу работи можете самите да ги направите за себе. Обидете се да практикувате една или повеќе од вежбите кои следат и веднаш престанете да се мачите!

passioni-pericolose

Акција. Вие сте во кадар. Се снима!

Прво правило: немојте да живеете во немир и страв. Кога ќе ве обземе љубомора, длабоко дишете неколку пати и смирете ги мислите. Претворете ја вашата приказна во филм: удобно сместете се во вашата најпријатна просторија и започнете со првиот сет од филмот: „Тоа проклето попладне на фудбалскиот турнир” или „Она одвратно утро во трговскиот центар”. Таа/Тој на провокативен начин го фиксираше вашиот партнер/ка, додека таа/тој му/и возвраќаше со намигнување, тие весело разговараат, пијат кафе, се насмевнуваат…

Одвртете го филмот неколку пати со внимание. Дали сте сигурни дека добро сте виделе? Да? Тогаш направете го првиот чекор (се уште се наоѓаме во вашиот имагинарен филм), приближете им се, прекинете ги на некој симпатичен начин, одведете ја неа/него на плажа и заиграјте на оддалечената музика. Нема да може да ви одолее.

Сега, откако го завршивте снимањето на последната сцена, запрашајте се колку време поминало откако почнавте со снимањето на филмот… Петнаесет минути, половина час? Во секој случај, сигурни сме дека вашата напнатост е намалена и дека насмевката ви е вратена на вашето лице.

Уште еднаш вдишете длабоко и продолжете со снимање на филмот. Како што ќе се развива приказната, се повеќе ќе се олабавувате, знаејќи дека вие сте режисерот на филмот и дека развојот на ситуациите зависи од вас и сите проблеми можат да завршат со среќен крај.

ljubomora-i-zavist-osjecaji-su-koji-truju-psihu-i-sve-oko-nas-504x335-20130207-20130218142816-74afbccbdd5defb23012eed46340dcce

Проблемот се распраскува

На љубоморните може да им помогне и биотрансенергетика – психотерапевтска дисциплина која маѓепсаниот круг на стравот го трансформира во доверба.

Во биотрансенергетиката проблемот не се решава, туку се распрснува. Оваа едноставна вежба можете да ја работите и сами: изберете еден природен елемент (вода, воздух, оган или земја) кој ви е близок или оној за кој чувствувате потреба, најдете некое мирно место, удобно сместете се и затворете ги своите очи. На пример, замислете дека сте на морски залив и сконцентрирајте се на силата на брановите.

Вовлекувајте ја силата во себе и дозволете целосно да завладее со вас, а посебно со деловите од телото во кои најмногу чувствувате напнатост која е предизвикана од љубомората. Почувствувајте како љубомората излегува од секоја пора на вашата кожа, а заедно со неа и сите останати негативни емоции.

8 scorpio

Потег на креативноста

Честопати љубомората се храни со фактот дека не се сакаме доволно себеси, опсесивно повторувајќи дека личноста која ја/го одвлекува партнерот/ката е поинтересна и посексипилна од нас самите. Љубоморната личност е вистински експерт за автодеструктивно однесување, мислејќи дека сите други се подобри од неа, па многу и е тешко од себе да ја извади сопствената единственост – она што ја прави посебна во сопствените и во очите на другите.

За да го повратите себепочитувањето, треба да работите на својата есенција. Како? Со помош на креативноста и со реактивирање на пораките кои ни ги праќа телото, ние почнуваме позитивно да делуваме на нашата потсвест.

Ако сакате да сликате, преточете го на платно пејсажот и убавите бои кои ве окружуваат; набљудувајте ја природата околу себе, нејзините светлини и преливања на боите и потполно стопете се во неа. Честопати и самиот чин на набљудување на боите води кон внатрешно смирување.

Можеби повеќе ви одговара пишувањето? Земете го пенкалото и излејте го на хартија сето она што сакате да го кажете на партнерот/ката. Тоа ќе ви помогне да ги избистрите идеите и психолошки да се подготвите за разговорот – лице во лице.

ljubomora-1385211465-20532

Смирувачки бранови

Веројатно несоницата е еден од вашите проблеми, затоа што црвот на сомнежот ве гризе секогаш кога ќе ги затворате очите?

Ѕвукот на водата има неверојатно олабавувачки ефект. Испружете се и слушајте го жуборот на потокот или шумот на брановите (на интернет многу лесно можете да пронајдете различни ѕвуци за опуштање и смирувачки вибрации). Направете купка со неколку капки етерично масло од јасмин или лаванда, замислувајќи пријатни моменти со саканата личност (со која најпосле сте ги надминале сите несогласувања).

Автомасажата после туширањето има одличен ефект – истријте се убаво со крпата, започнувајќи од стапалата и рацете со движења кон срцето. Потоа префрлете се на лицето –  врвовите на прстите ставете ги на средината од челото и нежно влечете нагоре; потоа со кружни потези масирајте ги слепочниците и ушите, со повремено штипкање на кожата. Од средината на носат, влечете кон надвор. За подрачјето околу усните и брадата, со палецот и показалецот користетете хоризонатални движењa; на крајот со дланките измасирајте го вратот и градите.

ljubomorna-cura

Серотонинот е виновен за се!

За Отеловиот синдром можеби постои и биолошко објаснување. Според едно истражување кое било спроведено на 400 луѓе на возраст од 25 до 30 години, опсесијата со изневерувањето најчесто се појавувала при намалување на нивото на серотонин, познат како хормонот на среќата.

Љубомора е …

„ Љубомората е најголемо зло со најмалку сожалување кон личностите кои ја предизвикуваат ” – Francois de la Rochefoucauld

„ Љубомората е мешавина од љубов, омраза, скржавост и гордост ” – Alphonse Karr

„ Љубомората ја гасне љубовта, како што пепелта го гасне огнот ” – Ninon de Lanclos

„ Во љубомората има повеќе самољубие, отколку во љубовта ” – Francois de la Rochefoucauld

„ Како љубоморна личност, страдам четири пати: затоа што сум љубоморен; затоа што се осудувам поради тоа; затоа што се плашам дека со својата љубомора можам да ја повредам другата страна; затоа што дозволувам една баналност да ме покори. Страдам затоа што сум исклучен, затоа што сум агресивен, затоа што сум луд како сите останати ” – Roland Barthes

„ Човекот не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан “- Руска поговорка

raskid

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi