
“Презадоволен сум од “Кога те имам”. По победата на Скопскиот фестивал се појавив како специјален гостин на значајни концертни спектакли во државата и сам на себе си дадов одмор а и сакав да почекам за да излезе уште една соодветна песна за мене и мојот вкус.
Со мојата продукција веќе на големо работиме на подготовка на албумот.
Во меѓувреме се снимаат и видео приказните за победничката балада од Скопски Фестивал како и за оваа штотуку промовираната – “Кога те има” – вели Ламбе.
И додека ја очекуваме видео приказната за “Кога те имам”, слушнете ја низ македонските радио станици или на Youtube каналот на План Б Продукција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MXAkxWC7mQw