Годинава што изминува беше и тоа како потресна за Мадона. Откако веќе некое време го најавуваше објавувањето на својот 13-ти студиски албум, хакерите беа нетрпеливи па си земаа за право пред време да објават две нејзини песни. Откако на нивната постапка на кршење на авторските права, поп-кралицата одговори со скршен iPod, на интернет се проширил целиот албум. Скршената Мадона им се заблагодарила на обожавателите кои трпеливо го исчекувале нејзиниот албум и не ги симнувале недовршените демо снимки.
Сега, после толку напади и непријатно искуство со хакерите, Мадона одлучила да го возврати ударот објавувајќи дури шест нови песни. Премиерата на синглот „Living for Love“ била закажана за Денот на заљубените, 14-ти февруари, но со оглед на тоа што е под непрестани удари, одлучила истиот да го објави порано.
Дел од песните кои ги објави се „Bitch I’m Madonna“, на која гостува раперката Ники Минај, како и „Illuminati“, во која се спомнуваат Бијонсе и Џеј Зи. Комплетниот албум „Rebel Heart“ би требало светлото на денот да го види во март, па останува да почекаме до тогаш за да ја видиме „бунтовната, но и романтичната страна“ на Мадона, како што изјави таа самата.
Во меѓувреме слушнете ја нејзината нова песна „Living For Love“. Одлична е!