Миланските карабинери објавија видео на пријателското собирање на осомничени мафијаши на фарма во местото Кастело ди Брианца во Северна Италија.
После срдечното добредојде и бакнувањето во образ мафијашите ја почнале тајната церемонија.
Полицијата успеала да сними регрутирање на нови членови во озлогласената мафијашка група „Ндрагета“. Најмладиот учесник во церемонијата имал само 17 години.
Заклетвата на новите членови е потсетување на тоа дека очекуваат предавникот во нивните редови да биде убиен и дека секогаш при рака треба да имаа еден куршум во случај да се во близина на предавникот.
Снимањето кое било дел од истрагата на ритуалот резултирала со апсење на 38 мафијаши.
Обвинителката Бокасини нагласила дека видеото покажало како „силната традиција“ и помага на глобалната организација за криумчарење на кокаин да напредува.