Руските служби прислушкуваат само поединци и тоа само во случај ако претходно добиеме наредба од страна на судот – одговорил Владимир Путин на прашањето на Едвард Сноуден кој му се обратил преку видео линк во текот на теливизиското обраќање на рускиот претседател кон нацијата.
Путин додава дека во неговата земја не постои неконтролирано прислушкување на комуникациите на руските граѓани како што е случајот во Америка.
Таков е нашиот закон и поради таа причина кај нас нема масовно шпиунирање – нагласил рускиот претседател.
httpv://www.youtube.com/watch?v=w1yH554emkY#t=14