Сочен чоколаден колач

19 октомври, 20140
8

И сочно и чоколадно. Нема подобра комбинација од ова. Колач кој едноставно се подготвува, а нуди неповторливо гастрономско доживување. Добар апетит и пишете како ви се допадна.

Состојки

  • 2 јајца
  • 70 г шеќер
  • 120 г брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао во прав (или рогач)
  • 200 мл млеко
  • 70 мл масло за готвење
  • 3 лажици мармалад или џем (ние користевме џем од боровинки)
  • ПРЕЛИВ
  • 100 г шеќер
  • 100 г путер (маргарин)
  • 50 мл вода
  • 100 г ореви (мелени)
  • 2 лажици чоколаден крем (еурокрем)

Подготовка

Изматете ги белките заедно со шеќерот, па постепено, додајте ги жолчките.

Во смесата додадете го млекото, маслото за готвење, неколку лажици мармалад и добро измешајте.

Брашното измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете го во смесата и повторно добро измешајте.

Садот за печење (20 x 20 см) обложете го со хартија за печење и внатре истурете ја смесата.

Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 25 минути.

Во меѓувреме, подгответе го преливот. Во сад, на оган, водата, шеќерот и путерот растопете ги. Додадете го чоколадниот крем и оревите и се добро измешајте.

Топлиот и испечен колач, со виљушка, прободете го на повеќе места и веднаш попарете го со топлиот чоколаден прелив.

Колачот оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер уште неколку часа за убаво да се стврдне.

Исчете го колачот на коцки и сервирајте го веднаш. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş