Софија Вергара и Џо Манганело се забавуваат нешто повеќе од месец дена, но се чини дека нивната романса станува сè поозбилна. Добро известениот извор тврди дека актерката е спремна да ги одмрзне нејзините јајце клетки, за да може да основа семејство со Џо Манганело.
– Отсекогаш сакала да има уште едно дете – изјавила за медиумите нејзината блиска пријателка и додала дека со Ник Лоеб, некогашниот вереник на Софија, никогаш не постоел вистински момент за принова, а дека со Манганело веќе разговараат за тоа.
Исто така, и актерот е спремен да биде татко.
– Тие двајцата веќе зборуваат за тоа како нивното бебе би било преубаво изјавил истиот извор.
– Врската им напредува со брзина на светлината. Никогаш не сум ја видела Софија толку среќна – заклучила нејзината пријателка.