Денес, секој може да има полни усни, но многу дами претеруваат во тоа. Сепак, овие познати дамисе родени со полни и посакувани усни. Погледнете кои ѕвезди имаат природно убави усни.
Ева Мендес
Латино убавицата и наскоро мајка е позната по својата природна убавина и природно изразени полни усни.
Адриана Лима
Ангелот на “Victoria’s Secret” Адриана Лима има природно полни усни кои совршено одговараат на нејзиното лице.
Шерил Кол
Шерил Кол многу пати е прогласувана за најубава жена на светот, а често ја истакнуваат и како дама со најсовршени карактеристики на лицето.
Џесика Алба
Џесика Алба веќе со години не се менува , како времето да застанало за неа. Нејзините прекрасни усни и крупни очи дефинитивно се првото нешто што ќе го забележите кај оваа шпанска ѕвезда.
Џесика Бил
Сопругата на Џастин Тимберлејк и познатата актерка секогаш фасцинира со своите природно полни и нежни усни.