Сораја и Станија добија понуда да снимат свој реалити шоу, кој би наликувал на шоуто на Ким Кардашијан.
Ким се прослави со тоа шоу и со нејзиниот порно клип. Девојките ќе бидат изложени на камерите 24 часа, Тие и така се присутни на социјалните мрежи со своите провокативни фотографии така да за нив да ја споделат интимата е навистина примамлива понуда. Станија и Сорја во истата емисија со ист концепт ќе се натпреваруваат кој да ја добие симпатијата кај гледачите.
Иако со свое шоу би зеле огромни пари, старлетите сеуште се мислат за понудата. Сораја не е сигурна дали да ја прифати понудата. Добри се условите, но и е јасно дека овој потег е меч со две острици. Познато и е дека Ким се прослави со такво шоу ,но сепак Сораја не живее во Америка.
Нивното ривалство е веќе познато, ова ќе биде интересно за гледање!