Советот на Џоан Колинс за добар брак: Секс, секс и само секс!

popara4 февруари, 201417min00
2

Холивудската актерка Џоан Колинс изјавила дека нејзиниот брак е успешен само поради квалитетниот и чест секс.

Актерката веќе 12 години е во брак со 35 години помладиот Перси Гибсон и открива дека младиот маж и среќата во бракот се заслужни за нејзиниот добар изглед. Големата количина секс во бракот ја прави Џоан свежа и наизглед доста помлада, иако годинава ќе полни 81 година.

Секс, секс и само секс. Освен со добар секс својот изглед го одржувам и со квалитетна козметика и шминка, но не пластични операции – изјавила актерката.