Совршен: Новиот БМВ М4 кабрио

popara6 април, 20141min00
Совршен: Новиот БМВ М4 кабрио

Освен цврстиот покрив на склопување, нема голема разлика меѓу БМВ М4 кабрио и неговиот купе претходник.

БМВ М4 кабрио се одликува со агресивен дизајн што совршено ја следи филозофијата на баварскиот производител за моделите со М ознака.

Под хаубата се наоѓа истиот 3,0 литарски шестцилиндерски мотор со турбо полнач од 425 коњски сили. М4 кабрио од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,2 секунди и има максимална брзина електронски ограничена на 250 километри на час.

Во понудата ќе се најде шестстепен мануелен, односно седумстепен М.ДЦТ менувач со дупла спојка. Преносот е на задната оска.

Триделниот покрив се собира за 20 секунди во багажниот простор, а подобрениот дизајн дополнително ја намалува бучавата во кабината во однос на претходникот. Со отворен покрив, капацитетот на багажникот изнесува околу 368 литри додека со соборен на располагање се само 220 литри.

Внатрешноста на моделот е идентична со внатрешноста на М4 Купе, а опремена е со кожа, спортски управувач и специјални спортски седишта.

Фактот дека е член на М семејството се гледа и според ознаките на праговите и рачката од менувачот.

БМВ М4 купе ќе се најде во продажба на почетокот на јули по цена од 47.000 евра, а кабрио верзијата се очекува да биде поскап за околу пет илјади евра.

httpv://www.youtube.com/watch?v=cIyHm6hSMrc

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag