Ова скриено место опкружено со зимзелени дрвореди е еден од најлуксузните пустински ресорти во мирното место Вади Кадеј. Тука се доживуваат магичните арапски ноќи и романтика во антички стил, во комплет со азиски инспирирани третмани во спа центарот со фантастично опремени соби за третмани. Ова воедно е и природен резерват, кој има своја приватна плажа, створена за интимно уживање. Тука може да се истражи и дивината на арапското поднебје и да се видат газели, камили и други животни кои се карактеристични за тој локалитет.
Отворен на почетокот на 2010 година, ресортот Banyan Tree Al Wadi е прв од својот тип во пустините на Обединетите Арапски Емирати. Ресортот се состои од пространи вили од кои секоја има приватен базен и простран спа центар.