Совршена си, но…не можам да бидам со тебе! Зошто?

popara6 јуни, 20141min00
11
Тоа е навистина лоша фраза. Зашто мажите ги избегнуваат девојките кои во друштвото ги бие глас дека се најпожелни во секоја смисла?

Убава и згодна девојка, духовита, образована, интересна, способна сама да заработи пари, има изградено сопствен стил…Делува нестварно? Знајте дека грешите! Девојките кои ги красат овие особини не се ретки, само прашањето е кои очекувања и вредности ги има другата страна.

Дури и кога сите совршености ќе се спојат во едно пакување, мажите бегаат, а припадничките на понежниот пол остануваат збунети и несигурни во себе.

Зашто мажите бегаат од совршените жени?

Има неколку едноставни одговори, но вистинските причини се многу па се обидовме да издвоиме неколку.

Убава е, но поуспешна е од мене

Ако девојката заработува повеќе од партнерот или се наоѓа на повисоко место во својата кариера, тоа може да биде проблем, бидејќи ретко кој маж би прифатил туѓа доминација. Природата им наложува тие да бидат предводници, и кога жената ја превзема таа улога, нивната моќ паѓа во вода. Ова е една од најчестите причини поради која жените не можат да најдат партнер кој им одговара. Сепак, не е се така црно бидејќи има такви мажи кои се сигурни во себе и нема да дозволат нивната суета да застане меѓу нив. За таквите мажи навиваме!

Премногу ме контролира

Прекрасна и интересна, но сепак сака да знае каде сте, на какви заеднички планови може да смета во наредната деценија. Кога таквата дама ќе ги преземе конците во свои раце, мажите бегаат, и тогаш признаваме, ги разбираме во целост. Ако желбата за контрола стане доминантна, тогаш таа можеби и не е вашата совршена жена.

На сите им се допаѓа, не можам да поднесам

Има личности кои го сакаат партнерот само за себе и не можат да поднесат да и се допаѓа на околината. Заради тоа и создаваат притисок на својата љубена, или ја напуштаат. Кога покрај себе имате девојка која изгледа прекрасно, не можете да го избегнете фактот дека таа ќе привлекува погледи. Наместо да бидете љубоморен, бидете среќен што токму вие сте тој во кого таа е заљубена.

Таа не мој тип

Добро, таа можеби е атрактивна, паметна и духовита и секој со задоволство би седел во нејзино друштво, но можеби не е идеална за посериозна емотивна врска. Понекогаш ве нервираат нечии движења, глас или некои ситници во однесувањето кои тешко се забележуваат. Или пак поедноставно кажано “нема хемија” помеѓу вас.

Ако стравот од неуспех е причина за бегање од девојките на кои не можете да им пронајдете маана, менувајте ја стратегијата! Покажете ги вашите адути и ризикувајте. И запомнете, кој ризикува, тој профитира, а така е и во љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *