Додека студирал графички дизајн, германскиот уметник Петер Дахмен добил задача да направи 3D предмет од хартија. Наскоро наишол на мал проблем. Што и да дизајнирал, не можел безбедно да го пренесе до факултетот користејќи го јавниот сообраќај. За да не ризикува да му се оштети проектот, Дахмен изнашол начин неговата скулптура да може да се собира. Предизвикот толку му се допаднал, што му станало опсесија да создава уште посложени дизајни, за на крај тоа да го доведе до кариера како инженер за хартија.