Сродната душа не се препознава, туку се чувствува…

popara1 април, 20141min00
2

Како да ја пронајдете сродната душа е прашањето на многумина. Велат дека сродната душа не се препознава, туку се чувствува. Еве неколку знакови дека тој е љубовта на твојот живот.

За сите оние кој не чувствуваат дека нивниот љубовен партнер им е сродна душа, треба да се запрашате дали тоа што го имате е љубов или компромис? Не треба да расудувате за оваа важна работа на основа на еден или два факти. Треба добро да размислите и да поминете низ разни животни ситуации. Најлошо е доколку таа личност сте ја прецениле или тоа дека таа постои само во вашата глава.

Хемија која не исчезнува!

Сродна душа, мал збор, а огромно значење. Уште од мали мечтаеме за принцот на бел коњ и сонуваме за среќен живот. Не обрнуваме внимание на многу пропратни работи отколку на тоа дали тој е човекот од нашите соништа. Иако можеби сте слушнале дека привлечноста е минлива, тоа никако не е вистина доколку сте со личноста која ве привлекува, а ве спојува страста која гори кога и да се видите.

Страста е поголема од се

Си кажувате еден на друг работи кои на никој не ги откривате

Нема поголемо задоволство од тоа да пронајдеш пријател во личноста која ја сакаш. Тој ќе ги знае сите твои тајни, а ти секогаш во него ќе ја гледаш раката на спасот.

Сподели ги со него своите мислења, стравови и соништа, види дали ќе те разбере

Лесно ги решавате проблемите и си опростувате еден на друг

Вистинска љубов е кога не можете да останете лути подолго од 5 минути. Дури и кога постојат несогласувања лесно се решаваат.

Постои решение за се

Знаете кои ви се меѓусебните слабости

Иако тој можеби е единствената личност која ја знае твојата Ахилова пета, ти не чувствуваш слабост и не си ранлива. Тоа е вистинска љубов.

Мораш да бидеш сигурна дека некој нема да го искористи моментот на твојата слабост

Те разбира

Во секој момент тој го разбира секој твој потег, насмевка, гестикулација и допир. Чувствува кога нешто не ти е по волја и ти нуди безрезервна љубов. Како да чувствува со твоето срце, како да ја чувствува болката на твојата душа – тоа е твојата сродна душа.

Потпри се на мене 

Секогаш може да те насмее

Секогаш наоѓа начин да те орасположи. Без разлика колку денот е лош, тој прави се за да ти биде подобар.

 Ја знам таа насмевка

Те подржува безусловно

Ги подржува твоите желби и амбиции. Не ти го попречува патот до успехот, затоа што знае дека тоа е твој успех и негов.

Верува во тебе без разлика на се

Не ја гледаш иднината без него

Планирате заеднички живот и се радувате на тоа. Го поминувате секој ден со надеж дека секој нов ден ќе биде подобар.

Ќе живееме среќно до крајот на животот – се чита во очите на двајцата вас!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag