Стајлингот за Оскарите на Кејт Бланшет чини 18 милиони долари!

popara17 март, 20141min00
1

Актерката Кејт Бланшет која неодамна доби Оскар за главна женска улога во филмот Blue Jasmine освои уште едно признание. Како што се вели во списанието Вог, холивудската ѕвезда е прогласена за најскапо облечена актерка на оваа церемонија а нејзината модна комбинација чини неверојатни 18 милиони долари.

Нејзиниот фустан е дело на Армани и чини 100 000 долари, меѓутоа накитот бил причината за да ја освои титулата за најскапо облечена актерка.

Кејт носела обетки Чопард со 62 опал камења во комбинација со злато од 33 карати и дијамантски прстен со облик на крушка.

Втора на листата се нашла нејзината колешка Шарлиз Терон чија комбинација изнесувала 16 милиони долари.

На трето место се нашла Сандра Булок со комбинација во вредност од 8,5 милиони долари, на четврто место Маргот Роби која вложила исто така 8 милиони, а на петто место била Џенифер Гарнер со потрошени 5 милиони за својот стајлинг.

Foto: AP/Tanjug

Foto: Tanjug/AP