
За време на гостувањето во шоуто на Дејвид Летерман, Сталоне откри дека некогаш се мразеле со Шварценегер.
„Имавме насилна омраза. Ти се случило тоа некогаш? Конкуренција во која имаш смртен непријател, од оној тип што го вади најдоброто од тебе.”
Сталоне вели дека не го сакал бидејќи едноставно постоел. Продолжува:
„По некое време, почна да ми се допаѓа оваа конкуренција. Ако тој имаше поголем пиштол, јас ќе убиев повеќе луѓе. Но потоа, тој премина на научна фантастика и јас останав позади.”
Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер беа, и можеби сè уште се, омилените акциони херои на многумина. Иако овие актери сега се многу добри пријатели, порано не било така бидејќи се сметале за конкуренција.