Стампедо зајци: Таа ги нахранила, а тие ја бркале по улица!

popara19 февруари, 201417min00
Стампедо зајци: Таа ги нахранила, а тие ја бркале по улица!

Островот Окуношима е познат како островот на зајците, и е користен како база за Кралската војска на Јапонија каде се тестирале смртоносни отрови за време на Втората светска војна.

Работите се искомплицирале за оваа туристка која решила да го посети островот кој е окупиран од зајци.

Откако им понудила храна, оваа жена била приморана да се соочи со стампедо зајци.

Изворите тврдат дека зајците на времето биле донесени на островот за да се тестира ефектот на гасови. Денес туристите го посетуваат островот со цел да ги хранат зајците и да уживаат во нивното друштво.

httpv://www.youtube.com/watch?v=b2hV2OUDDS4