Стан кој нуди поглед на сите делови на Њујорк и чини 95 милиони долари

22 октомври, 20140
19

“432 Park Avenue” – е адресата на најновиот украс на Њујорк. Станува збор за една од највисоките станбени кули во западната хемисфера.

Облакодерот е висок 435,5 метри, нуди 104 апартмани на 9.150 метри квадратни.

Станува збор за многу скапи апартмани во кои доминираат огромни прозори со висина од три метри, кои овозможуваат фантастичен поглед на целиот град.

Ова задоволство ќе може да си го дозволи, секако, само некој со навистина длабок џеб, кој е подготвен да издвои од 16,95 до 95 милиони долари.

Овој облакодер бил дизајниран од Рафаел Виноли, а самата изградба траела три години. Се наоѓа во самиот центар на Менхетен, а горните станови нудат поглед на сите делови на Њујорк: Од Хадсон до Ист Ривер, од Бронкс до Бруклин и од Централ Парк до Атлантскиот океан.

Зградата има и приватен ресторан со неверојатна тераса, базен долг 22 метри, вински подрум со контролирана клима, детска игротека, соба за одмор, прием….

 

https://www.youtube.com/watch?v=iO3kBfvS5pc

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *