Stormtrooper BMW

popara14 октомври, 20141min00
10

Доколку сте љубител на BMW, а сакате навистина единствен M6, решението можеби ќе го пронајдете во комшии, кое го нуди бугарската компанија Vilner.

Иако можеби оваа компанија ви е непозната, бугарската тјунинг компанија Vilner, која првенствено се занимава со редизајн на надворешноста и ентериерот на возилата, а од време на време, на пазарот исфрлува навистина единствени и интересни проекти. Овој пат, во прашање е Stormtrooper BMW, базиран на претходната генерација на BMW М6 Cabrio (Е63), но уреден во стил на „Војна на ѕвездите“, поточно во стил на Стормтрупер војник!

Дека ова не е вообичаен тјунинг настап, каде на постоечкиот автомобил само се додаваат компоненти, јасно се гледа веќе и при првиот поглед на Стормтрупер, особено од напред, бидејќи комплетниот преден дел на возилото изгледа како да станува збор за нов BMW модел, а не „стариот“ М6.

Изменети се светлосните групи, хаубата, монтиран е нов браник, а ставени се и големи тркала од 20 инчи, како и нов дифузер.

Ентериерот исто така е дотеран, па во кокпитот можете да се воодушевите од употребата на Nappa кожата и Alcantare, додека остатокот на елементите е изработен од, претпоставувате – јаглеродни влакна.

Ах, да… заборавивме да напоменеме дека екстериерот на возилото е офарбан во специјална перла бела боја и тоа во три слоја.

Инаку ,погледнете како изгледа вистинскиот Стормтрупер од еден од најпопуларните филмски серијали во историјата, „Star Wars“. Освен прекрасната бела перла боја, која им е заедничка, сепак мораме да признаеме и дека костимот на стормтруперот помалку потсетува на автомобилот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma