Хороскопот открива како секој хороскопски знак најдобро може да влијае на својата карма

popara19 ноември, 20141min00
10

Според таа филозофија, треба да се потрудиме да правиме добри дела и да си ги простуваме повремените падови и грешки.

Ова е мал потсетник како секој хороскопски знак може најдобро да ги искористи своите особини за позитивно да делува на светот околу себе.

Овен
Генерално, потрудете се да бидете љубезни, топли и весели, а не премногу горди. Потрудете се вашето добро влијание да се прошири на другите. Обесхрабрената личност секогаш можете да ја подигнете и расположите со својот оптимизам и мотивација.

Бик
Вие имате око за се она што е убаво во материјалниот свет. Препуштете се на својот ентузијазам, нека се гледа на секој чекор и поделете ја својата љубов кон добрите работи, без разлика колку ви се чинат мали. Животот е уметничко дело во создавање.

Близнаци
Вие сте комуникатор на Зодијакот. Слушајте и охрабрувајте ги луѓето да го кажат она што го мислат и да се изразат на начинот на кој знаат и умеат. Дружете се, бидете друштво за шопинг – добро се снаоѓате во оваа улога. И малата услуга би можела потполно да го смени животот, вашиот или туѓиот.

Рак
Вие знаете да направите луѓето да се чувствуваат како дома. Тие затоа ќе се отворат кон вас и кон другите. Вашата емпатија и топлина чесно можат да го растераат чувството на самотија.

Лав
Живеете во центарот на внимание, па кога со некого ќе го поделите тоа место или го предадете доброволно на некој друг, тоа е голем подарок и благодет. Вие сте во состојба да поттикнувате и да ја поддржувате самопочитта кај другите луѓе како ниеден друг знак.

Девица
Практичноста и ревноста во малите животни работи се вашето второ име. Вие можете без проблем да бидете таен (или не така таен) шампион за оние кои не се доволно ценети. Комплиментите или убавиот збор од ваша страна имаат големо влијание.

Вага
Мирот, тишината и хармонијата ви се во сржта, а тоа е она кон што тежнеат повеќето луѓе. Вие сами по себе, природно, ги гледате двете страни на секое несогласување, па затоа луѓето чувствуваат како секогаш да можат да разговараат со вас, вие ќе ги разберете. Бидете тука за нив и сослушајте ги, тоа е можен пат кон добрата карма.

Скорпија
Проблемот е или преголем или е итен случај кој е премногу екстремен за вас. Вие сте цврсти и сочувствувате па можете да бидете покрај луѓето кога никој не може. Го поднесувате она што другите не можат да го поднесат.

Стрелец
Вие живеете спектакуларен живот и не ве плашат начините на кои светот и вселената функционираат. Бидете покрај некого и советувајте го, утешете некого кој е премногу попустлив и нервозен за да се носи со проблемите, а потоа набљудувајте го како зајакнува, учи и расне.

Јарец
Вие сте неуморен работник и најдобар пример на некој кој оди напред и кога работите не функционираат како што треба и кога ви е тешко. Вашата работа и труд би требало да се претстават јавно, на поширок круг луѓе и потоа да се набљудува како луѓето ви доаѓаат по инспирација.

Водолија
Вие сте им адвокат на луѓето, агент на иднината. Вашата неверојатна, иновативна перспектива им дава надеж на другите луѓе. Секогаш сте способни да смислите план Б. Поделете го својот вроден оптимизам со другите луѓе и гледајте ги како оживуваат.

Риби
Вие добро знаете што крие личноста длабоко во себе. Луѓето ви веруваат и сакаат да разговараат со вас. Заштитете ја својата нежност, но бидете тука за другите, да ги сослушате и сфатите. За возврат ќе добиете помирен и посреќен живот!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag