
До сега сме пишувале многу статии за тоа како да го зачините вашиот сексуален живот. Овој пат имаме уште еден уникатен предлог, кој секако мора да го пробате!
Според мислењето на многумина, сексот е идеално поле за игра и фантазија. Тоа најдобро знаат да го искористат производителите на секс-играчки и секси долна облека. Но, неодамна почнаа „да се будат“ и производителите на презервативи, чиј најнов изум се светлечките кондоми.
Замислете колку возбудливо би било одредени делови од вашето тело (знаете на кои делови мислиме) да светат при сексот? Токму тоа го овозможува грчкиот производ со врвен квалитет, кој освен заштита може да ви понуди и неограничена забава. Името на компанијата е ДУО.
Инаку, ДУО кондомите се фосфорни, се’ што треба да направите е некое време да ги изложите на светлина, и тие и самите ќе светат во темнина. Изложувањето на светлина треба да биде минимум 30 секунди, но не под сонце или близу до светилка, бидејќи топлината може да го уништи.
Потоа, изгаснете ги светлата, отворете го умот и препуштете и’ се на фантазијата… Препуштете им се на магиите на сјајот на вашиот светлечки презерватив!
httpv://www.youtube.com/watch?v=LK5a8UbJYfU