Светот ја губи битката против вирусот ебола и не се успева да се сопре ширењето на оваа епидемија

15 октомври, 20140
14
Светот ја губи битката против вирусот ебола и не се успева да се сопре ширењето на оваа епидемија, предупреди синоќа висок претставник на ОН на специјалната седница на Советот за безбедност за епидемијата.

„Еболата има голема предност во однос на нас,“ изјави Ентон Банбери шефот на мисијата на ОН задолжен за координирање на итниот одговор на епидемијата ебола.

Банбери изјави дека глобалниот одговор на еболата мора да ги исполни зацртаните цели до 1 декември за да се осигураат околу 7000 кревети и 500 посебно опремени тимови за погреби или пак светот ќе се соочи со „ ситуација без преседан, за чие решавање нема план“.

Банбери изјави дека засега се на располагање околу 4300 кревети за болните, а нема доволно персонал да ги негува.

Според последната проценка на СЗО, се очекува од декември во западна Африка неделно да се регистрираат меѓу 5000 и 10 илјади нови случаи заразени од ебола.

Новиот билнас на светско ниво е 4.447 починати, а има 8914 заболени, највеќе во Западна Африка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi