Светот не се дели на пријатели и непријатели, туку на силни и слаби луѓе

29 септември, 20140
14

Светот не се дели на пријатели и непријатели, туку на силни и слаби луѓе. Силните се великодушни во победата. Слабите се собираат за заедно да ги нападнат губитниците, не знаејќи дека поразот е минлив. Меѓу губитниците ги бараат оние кои изгледаат најранливо.

Ако тоа ти се случи тебе, запрашај се дали би сакал да ја преземеш улогата на жртва. Ако одговорот е потврден, тогаш нема да се ослободиш до крајот на животот. Ќе бидеш лесен плен секојпат кога ќе се најдеш пред одлука која бара храброст. Твојот поразен поглед секогаш има поголема сила од твоите победнички зборови, и тоа сите ќе го забележат.

Ако одговорот е одречен, издржи. Подобро е да реагираш сега, додека раните може лесно да се залечат, дури и ако тоа бара време и трпение. Нема да спиеш неколку ноќи мислејќи: „Јас тоа не го заслужувам“.Ќе сметаш дека светот е неправеден, бидејќи не те прифатил онака како што ти заслужуваш.

Многу пати си се засрамил поради понижувањето кое си морал да го поднесеш пред пријателите, пред саканите, пред родителите.

Но, ако не се откажеш, мноштвото хиени брзо ќе се оддалечат од тебе и ќе побараат друга жртва. Тој некој ќе мора сам да ја научи лекцијата, бидејќи никој во тоа не може да му помогне.

Според тоа, непријателите не ти се противници поставени да ја предизвикуваат твојата храброст. Тоа се кукавици поставени да ја предизвикаат твојата слабост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş