
Месецот на среќата, како што многумина го толкуваат месец март, доколку се суди според добитниците кои го дополнија списокот среќни лица на Државана лотарија на Македонија, навистина е таков. Додека голем дел од светот, вчерашниот ден го одбележаа како светскиот ден на среќата, дури двајца наши играчи им се радуваа на добивките.
Елена и Мите се среќните сестра и брат кои се радуваа на среќата токму вчера, 20.03.14. Во продажното место Анафил во Кочани, прво братот купил инсант лоз Подарок. Откако добил 100,00 денари, се мотивирала и неговата сестра. Таа го купила следниот инстант лоз Подарок од истото место, па веднаш потоа се израдувала на 3те идентични суми кои и ја донесоа добивката од 60.000,00 денари.
И Елена и Мите се редовни играчи на Инстант лотаријата и НОВОЛОТО од понудата на игри на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Само за потсетување Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод.
Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.
Со најубави желби за љубов и дружење, одберете го вашиот среќен ПОДАРОК!
Инстант лозот ПОДАРОК може да го пронајдете во сите продажни места со знакот на детелинка ширум Македонија.
Кој гребе, тој добива!