Младите мажи на постарите жени можат да им понудат возбуда и младо тело, а немаат ни емотивен терет. Исто на повеќето млади мажи една од омилените фантазии им е секс со искусна госпоѓа…
Мемоарите на Моника Портер за секс аферите со помлади мажи направија хаос на интернет и беа главна тема во медиумите. Том 23 годишен дечко, тукушто дипломиран отворено раскажува за нивната 9 месечна врска.
Том како и повеќето мажи на негова возраст бил привлечен од нејзниното искуство, самодоверба и желбата да има секс без обврски, поради што многумина ја нарекле тажна и очајна жена.
Знаевме дека тоа не класична врска, но бевме среќни. Сексот беше најдобриот што некогаш сум го имал. Ми беше поинтересна од сите жени кои ги познавам. Според Том предноста на постарите жени е во тоа што имаат помалку инхибиции во споредба со помладите и не бараат обврзување.
И другите мажи кои спиеле со Моника го делат мислењето на Том.
Старите жени се интересни и префинети, а нивното искуство ги прави уште попривлечни – вели Марк кој има 21 година.
За врската со Моника Том ги известил своите пријатели, но не и родителите. Мојата мајка е помлада од Моника, има 59 година и тоа би ја шокирало. Пријателите ме подржуваат бидејќи сметаат дека тоа е нормално и вообичаено.
Том сега е во врска со 26 годишна девојка, но повремено се гледа и со Моника, бидејќи според неговите зборови таа умее најдобро да ги задоволи неговите сексуални апетити.
Таа засекогаш ќе остане во моето срце како еден прекрасен спомен – вели Том за крај.