Хорор: Дете убило маж кој од него барал орално да го задоволи!

popara19 март, 20141min00
8

Малолетник (16) од Крушевац осомничен е дека денес убил 55 годишен маж кој од момчето барал орално да го задоволи.

Телото на убиениот е пронајдено утрово на старите гробишта, за што веднаш била информирана полицијата.

Полициската истрага е во тек, момчето е пред истражен судија на распит. Се знае дека мажот е убиен од неколку силни удари со метална шипка по глава. Неговото тело е испратено на обдукција.

Осомничениот според српските медиуми веднаш го признал убиството, тврдејќи дека Јовица од него барал орално да го задоволи, поради што во момент на афект и самоодбрана го убил.