„Невреме“ на A Venus Fly Trap – Свежина во македонската музика

popara19 март, 20141min00
000001

A Venus Fly Trap cе уникатна појава на македонската современа музичка сцена, кои вчера го издадоа својот прв албум „Невреме“ за издавачот „Направи заедно“.

На изданието се наоѓаат девет песни кои му контрираат без отстапки на градското сивило, таканаречената авангарда и медиокритетите, соочувајќи се храбро и директно со лицемерието и дволичноста на лажниот, урбан дух.

Бендот го сочинуваат Горан Стојчевски (вокал, клавијатури), Петар Паневски (бас) и Александар Савовски (гитара, вокал), кои при креирањето на музиката тргнуваат од сопствените опсесии и лични противречности, во обид да стигнат до некоја нова, индивидуална утопија. Тие зад себе имаат веќе неколку музички проекти и изданија.

Албумот може бесплатно да се симне од нивниот профил на bandcamp:

http://avenusflytrap.bandcamp.com/album/-

Првиот сингл за најава на албумот е песната „Деца“:

httpv://www.youtube.com/watch?v=b7M1MlzQiEk

000000000000000