Kyle Jones изјави дека тој воопшто никогаш во животот не бил заинтересиран за девојки на слична возраст. Секогаш бил привлекуван од страна на постари дами, а како што минувале годините, старосната граница се чини дека се зголемувала.
Денес, неговата партнерка, Marjorie McCool е цели 60 години постара, а критериумот кој Kyle го навел е тоа дека, за некоја дама да го освои неговото срце, потребно е да има најмалку 65 години. Се чини дека неговата нова партнерка совршено се вклопува во сето ова.
Неодамна, Marjorie McCool го прослави својот 91-ви роденден. Таа е родена во времето кога завршила граѓанската војна во Ирска. За разлика од неа, Kyle е од сосема поинаква генерација со оглед на тоа дека е за цели 60 години помлад од неа.
Marjorie McCool и Kyle Jones тврдат дека уживаат во одличниот и хармоничен однос, без оглед на разликата во годините, и додаваат дека кога повторно би бирале, изборот би бил сосема ист.
Па, ако вообичаено се вели, младост лудост, овојпат би било старост лудост, зарем не?