Таа има “доказ” дека зад овој енергетски пијалок стои – Сатаната!

popara11 ноември, 20141min00
Таа има “доказ” дека зад овој енергетски пијалок стои – Сатаната!
Во видеото кое преку викендот собра огромен број на прегледи на Јутјуб и беше споделувано на останатите социјални мрежи, една жена тврди дека причината зад популарноста на енергетскиот пијалок “Monster Energy” стои Сатаната!

Поточно, буквата “М” што е и логото на “Monster”, е стилизирана во облик на канџи, па предизвикала серија теории на заговор, меѓу кои и такви дека логото всушност е бројката Шест на Хебрејски повторена три пати.

“Можете да го видите тоа насекаде, на капи, на маички, на налепници… Постои ли овде скриена порака? Доколку Бог може да употребува свои моќи преку луѓето и производите, може и Сатаната”, може да се слушне како зборува оваа жена, а пренесува Huffington Post.

Покрај тоа, таа тврди и дека линијата која поминува низ буквата “O” во “Monster” всушност е дел од крстот, кој, како што погодувате, го претставува Антихристот. Таа исто така додава дека доколку се пие од лименката, личноста ја врти наопаку лименката па така се врти наопаку и “крстот”.

“Дното нагоре, се смее ѓаволот. Тоа е нешто за кое би требало да размислите”, порачува, а предупредува и на мотото на компанијата “Ослободете го ѕверот!”

Многу од нејзините “коментари” веќе некое време кружат на интернет, но ниту еден не се прошири волку брзо како видеото (кое на Јутјуб е прегледано повеќе од два милиони пати, а тоа на Фејсбук е прегледано речиси девет ипол милиони пати).

Од “Monster” уште немаат одговорено на ова видео, чии корисници во голем број го постираат на нивната Фејсбук страница. Во прилог им оди фактот дека на хебрејски 666 не се означува со три шестки, и дека како свој производ го имаат и “чајот за мир”. А, да … и здравиот разум.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma