Татко и син: Поучна приказна која на многу родители ќе им ги отвори очите

popara2 февруари, 201418min00
2

Човекот доцна се вратил од работа. Уморен и нервозен, го нашол својот син како чека пред врата.

Синот: Тато, смеам ли нешто да те прашам?

Таткото: Да, секако, кажи, што е?

Синот: Тато, колку заработуваш на час?

Таткото: Тоа тебе не треба да те интересира. Зошто ме прашуваш?

Синот: Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час?

Таткото: Ако веќе мораш да знаеш, заработувам 50 долари на час.

Синот: Аха – одговорило момчето со насмевка на лицето.

Синот: Тато, те молам, дали ќе сакаш да ми позајмиш 25 долари?

Таткото: Ако единствената причина за целиот овој разговор беше да добиеш пари за некаква таму глупост, некаква играчка, сврти се и оди право во твојата соба и да размислиш зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден како црнец за да ги фрламе парите за глупости.

Момчето си отишло во собата и ја затворило вратата. Човекот бил нервозен поради прашањата на момчето…Како се осмелува да поставува толку прашања, само со цел да добие пари? Подоцна, малку се смирил, и размислил. Можеби па навистина му требаат 25 долари…Навистина, тој не бара често пари. Човекот станал и отишол во собата кај момчето.

Таткото: Спиеш сине?

Синот: Не тато, буден сум.

Таткото: Размислив…Можеби бев строг со тебе. Имав тежок ден и тебе ти се истурив. Еве ти ги парите што ги бараше.

Синот: О, фала ти тато!

Тогаш посегнал под перницата, и извадил куп згужвани банкноти. Кога видел дека момчето веќе има пари, таткото повторно се налутил. Момчето внимателно ги избројало парите, па го погледнало татка си во очи.

Таткото: Зошто бараше пари, кога веќе имаш?

Синот: Бидејќи немав доволно, а сега имам!

Синот: Тато сега имам 50 долари. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам дојди си утре дома еден час порано, сакам да си играме.