Тажна и поучна приказна за едно момче и неговото куче: Тој вреди како и сите останати!

popara30 јануари, 201418min00
2

Во излогот на продавницата за домашни миленици се појавил натпис “Продаваме мали кученца“.  Едно момче, минувајќи покрај продавницата, посакало да ги погледне малечките кученца.

Колку чинат малечките? – прашало момчето.

Помеѓу 30 и 40 евра – одговорил трговецот.

Момчето извадило од својот џеб неколку ситни монети.

Јас имам само 2 евра и 37 центи? Може ли за овие пари барем да ги разгледам малечките?

Трговецет со насмевнал и свирнал неколку пати, па од куќичката во дворот дошла гордата мама со своите пет меки топчиња. Едно од малечките, заостанувало зад другите. Момчето се наведнало и го дигнало во раце болникавато малечко.

Што не е во ред со ова малечко? – запрашало момчето, загрижено и љубопитно.

Трговецот му објаснал дека кученцето се родило со една пократка нога и дека засекогаш така ќе се движи. Момчето воскликнало:

Тоа е кученцето што сакам да го купам!

Трговецот одговорил:

Ова кученце не мора да го платиш, ако навистина го сакаш, ќе ти го подарам!

Момчето се изнервирало и одговорило:

Не сакам да ми го подарите. Ова кученце е подеднакво вредно како и сите останати. Јас сакам да го купам по регуларна цена. Ќе ви дадам 2 евра и 37 центи, а останатите пари ќе ви ги исплаќам секој месец се додека не го исплатам.

А потоа, на изненадување на трговецот, момчето ја подигнало ногавицата на панталоните и го покажало својот дефект – наместо нога, момчето имало метална протеза од коленицата на долу.

Ни јас повеќе нема да можам да трчам, ни да скокам. На ова кученце му е потребен некој кој ќе го разбере, некој кој за него ќе се грижи и ќе го сака, баш таков каков што е!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma