Секој човек на различен начин ја доживува заљубеноста – истакнуваат психолозите. Луѓето се комбинација од типови. Да откриете на кој тип сте најслични – одберете ги одговорите кои најмногу Ве опишуваат. Бојата што најмногу доминира го означува вашиот тип. Откако ќе завршите со тестот – погледнете во решенијата.
TЕСТ:
1. Одбивно Ви е:
а) одредени телесни карактеристики како големи уши или орловски нос (црвена)
б) некој кој бара сериозна врска (виолетова)
2. По раскинувањето најчесто:
а) останувате пријатели (жолта)
б) лути сте, вознемирени и тешко продолжувате понатаму (темноцрвена)
3. Незадоволни сте од врската, Вие:
а) ја прекинувате, не гледате перспектива (зелена)
б) останувате заедно – потребни сте му на партнерот (розева)
4. На забава, Ве воодушевува некој кој првпат го сретнувате, помислувате:
а) се заљубив! (црвена)
б) ме интересира нешто повеќе за него (жолта)
5. На првиот заеднички состанок:
а) ја анализирате целата вечер до најситен детал за да откриете што тој/таа мисли за Вас (темноцрвена)
б) проценувате колку си одговарате и дали тој/таа вреди да го/ја сретнете повторно (зелена)
6. Луѓето што добро Ве познаваат, ве опишуваат како:
а) слободоумна личност (виолетова)
б) великодушна личност (розева)
7. Ако сте слободни, како гласи Вашиот статус на Фејсбук?
а) барам пријателство (жолта)
б) барам сериозна врска (зелена)
8. Парнерот е надвор до доцна навечер и не одговара на повици, помислувате:
а) сигурно прави нешто што не треба да прави (темноцрвена)
б) се надевам дека се забавува (розева)
9. Ве привлекува:
а) еден компатибилен партнер (зелена)
б) средби со повеќе личности (виолетова)
10. Додека сте заљубени, се чувствувате:
а) блажено – како во сон (црвена)
б) немирно – се прашувате дали ќе потрае (темноцрвена)
11. Тајната на долга и квалитетна врска е:
а) заеднички влог во врската од двете страни (жолта)
б) партнерот е секогаш на вистинско место (розева)
12. Вашиот пријател тврди дека ја нашол вистинската личност за Вас. Најпрво прашувате:
а) како изгледа? (црвена)
б) што работи? (зелена)
13. Додека сте во врска, размислувате:
а) нормално е и двајцата да имаме мали тајни (виолетова)
б) немам што да кријам (жолта)
14. Љубовта треба да биде:
а) страст што гори (црвена)
б) безусловна (зелена)
15. Ве привлекува партнер кој:
а) ви ја разгорува фантазијата (виолетова)
б) ги отстранува сите ваши сомнежи (темноцрвена)
РЕШЕНИЈА
Црвена – страствен љубовник
Љубовта за вас е возбудлива, дива, искрена, длабока и потполна. Ништо друго не е важно. Кога ќе го пронајдете вашиот идеален тип, му се предавате и психички и телесно. Најдолго ќе Ви трае врската, доколку и вашиот партнер е еднакво страствен, а најкратко доколку е мирен и сталожен.
Виолетова – љубовник авантурист
Шармантни, досетливи и духовити, Вие љубовта ја сфаќате како игра без обврски. Сакате да уживате со него. Одбивни Ви се партнери кои сакаат сериозни врски, а најдобро би функционирале доколку и вашиот партнер е авантурист како вас.
Жолта – сталожен љубовник
Љубовта за вас е „нежно патување“ – не брзате, играте полека, но сигурно и не сте склони кон испади што би ја уништиле врската. Не ви одговараат страствени и екстремни партнери, би им делувале како терапија за приземјување.
Темноцрвена – екстремен љубовник
Врската за вас е смисла за живот. Но и фактор за сите ваши страдања. Наместо да уживате во неа, стравувате што би можело да тргне наопаку. Ненаситни сте. Би требало да ги избегнувате љубовниците авантуристи, за вас идеални се оние што бараат безусловна љубов и страст.
Зелена – практичен љубовник
Најважна ви е компатибилноста – партнерот мора да ви одговара по професија, образование, профит, религија, интереси и духовитост. Идеален партнер за вас е некој сличен „практичар“. Но, внимавајте – тоа може да биде и меч со две острици!
Розева – безусловен љубовник
Безусловна љубов кон некого е ваша должност која ја исполнувате со задоволство. Кога ќе пронајдете љубов – толку сте среќни што ја имате – многу давате, а малку барате. Внимавајте на „оценувачите“ кои можат да Ве искористат, побарајте сталожен или безусловен љубовник!