Тестот е развиен од таткото на модерната психологија Сигмунд Фројд, а истиот јасно и прецизно може да го утврди несвесниот однос што го имаме кон одредени нешта во својот живот.
Тестот е составен на база на психоанализата и содржи шест геометриски фигури кои што ја откриваат човечката состојба и скриените страни од личноста.
За да одговори тестот на вашите очекувања, не треба да го погледнете значењето на геометриските фигури пред да ги напишете емоциите кои ги провоцираат кај вас.
Насочете го целосно вниманието на фигурите и до секоја една од нив напишете какви чувства провоцира во вас. Пример досада, расеаност, збунетост, среќа.
Под фигурите можете да напишете нешто што ви доаѓа на памет, дури и да се работи за цела реченица или текст.
Во продолжение е испишан резултатот…
…
…
…
Значење на фигурите:
Првата фигура ги симболизира вашите пријатели. Емоциите кои сте ги запишале под неа го опишуваат вашиот став кон пријателската средина, како и што очекувате од вашите најблиски.
Втората фигура го покажува вашиот став кон семејството и бракот. Она што сте го запишале под фигурата го покажува несвесниот однос кон брачната институција и како гледате на идејата да создадете семејство.
Третата фигура го одразува вашиот став кон кариерата. Чувствата кои третата фигура ги провоцира во вас, покажува како гледате на својата професија, што ви дава таа и кое место го зазема во вашиот живот.
Четвртата фигура е поврзана со сексот. Таа покажува како потсвесно ги прифаќате сексуалните контакти и какво место му давате на сексот во вашиот живот.
Петтата фигура индиректно се поврзува со главната карактеристика на вашиот карактер. Тоа покажува кое ваше однесување секогаш зема надмоќ и што е несвесното во однос кон светот.
Шестата фигура ја покажува моменталната состојба. Преку чувствата кои сте ги запишале, можете да ги дознаете желбите, стремежите и проблемите кои ги имате во моментов и кои што не ги сфаќате.