Тие си поигруваат со вашите емоции, а вие и не забележувате дека сте само обичен плен на емоционалниот манипулатор

popara14 декември, 20141min00
12

Манипулацијата е премногу изразена во секојдневниот живот. Сите ние, помалку или повеќе, манипулираме или сме изманипулирани. Се што ќе кажеме или ќе направиме, свесно или несвесно, на некој начин влијае на луѓето околу нас.
Меѓутоа, до одредена граница, тука не мора да има ништо негативно. Проблемот се создава тогаш кога желбите ќе се претворат во потреба да се контролираат оние околу нас, и сите конци да се држат под контрола, за да се импресионира некој на штета или на сметка на некој друг. При тоа, често, ништо повеќе не е важно, а се користат манипулативни средства, за да така се оствари нечија цел, односно, се игра на картата на доверба, пофалба, комплимент, уценување, емоции и изразување на вина. И најчесто, оваа игра е тешка да се прекине туку така.
Манипулацијата има за цел да предизвика некоја емоционална реакција кај луѓето и во согласност со тоа, да направи нешто што ќе му користи на манипулаторот.
Најчесто, манипулаторот сака да го наведе соговорникот да чувствува вина, а тоа е многу моќно манипулативно средство, затоа што природата на тоа чувство е таква што соговорникот го мотивира на покајание поради нешто што тој или таа го има сторено, а што манипулаторото го претствавува како погрешно.
Сите ние сме подложни на манипулација, но постојат луѓе кои многу често се ”лесен плен” на манипулаторите.
Ви пренесуваме осум начини кои ќе ви помогнат да ги препознаете емотивните манипулатори, не за да се борите со нив, туку комплетно да ги отстраните од вашите животи:
1. Не се обидувајте да бидете искрени во комуникација со манипулаторите, бидејќи нема поента
Во комуникација со манипулаторот, искреноста не помага. Доколку изговорите било што, тоа ќе биде свртено против вас иако сите аргументи се на ваша страна. На пример, ако сте лути затоа што манипулаторот го заборавил вашиот роденден, тоа ќе изгледа вака: ”Навистина ми е жал што мислиш дека сум го заборавил твојот роденден, но требаше да ти кажам со колкав стрес се соочувам во овие моменти – но не сакав да те замарам со тоа. Но, можеби си во право, бидејќи требаше да ја занемарам целата таа брканица со времето (овде дури може да се појават и солзи на неговото лице), и да се фокусирам на твојот роденден. Извини”.
Иако слушајќи го изговорот кои ви ја дава личноста оддава чувство дека нема ништо од тоа дека му е жал, начинот на кој манипулаторот ги изговара зборовите ви прави да немате да кажете ништо против. Уште полошо, манипулаторот ќе ве стави во улога на оној што дава утеха. Во вакви ситуации, битно е да не попуштате – не утешувајте, и не прифаќајте било какви објаснувања и извинувања.
Прво правило – во комуникација со манипулаторот, верувајте на своите сетила: Ако чувствувате дека извинувањето е лажно – тоа и навистина е такво. Внимавајте доколку манипулаторот почуствува дека ве има заведено со своите маневрти, бидејќи така ќе станете негова честа жртва.
2. Манипулаторот е совршена слика и прилика на вистински помагач – но не очекувајте дека навистина ќе добиете помош
Ако ги замолите да ви помогнат во нешто, тие скоро секогаш ќе се нафатат да го сторат тоа, ако претходно и самите не се понудиле за помош. Ако им се заблагодарите и ја прифатите помошта, тие ќе направат мноштво невербални знаци, каде вие ќе почуствувате дека без разлика што тие имаат ветено помош, од тоа нема никаква реализација. Ако им кажете дека вам не ви изгледа дека ви се помага, тие ќе ве уверуваат дека нема збор за тоа и дека не ги разбира вашите замерки на помошта која манипулаторот ја нуди. Главно правило е доколку манипулаторот каже ”ДА”, да го натерате да призне дека тој всушност и не сакал да помогне. Кога манипулаторот ќе почне да глуми, направете нешто како тој ќе види дека вие всушност не обрнувате внимание на неговите оправдувања – ставете слушалки на уво и излезете од истата просторија, односно, направете било што што ќе значи игнорантки однос кон него.
3. Ќе ве направи ”луди” – ќе каже нешто, а подоцна ќе ве уверува дека тоа не е спомнато воопшто
Ако приметувате дека во односот со некои луѓе морате да започнете со фаќање белешки за тоа што сте зборувале, вие во тој случај почнувате да го преиспитувате сопствениот разум – и тогаш добро е да знаете дека ви сте западнале во стапица на манипулаторот. Тие можат толку самоуверено да ве кажат, така што ќе ве убедат дека белото е црно, а вие, без разлика на објективната реалност, ќе дојдете во ситуација да се преиспитувате за сопствените сетила. ВНИМАНИЕ: Емоционалните манипулатори се опасни луѓе.
4. Вина – емоционалниот манипулатор е многу вешт во предизвикување чувство на вина
Манипулаторот може да ви направи да се чувствувате виновни затоа што зборувате премногу/ не зборувате премногу, затоа што сте емотивни/не сте емотивни, затоа што сте грижливи или не сте грижливи воопшто.
Речиси се може да стане предмет на манипулација. Емоционалниот манипулатор ретко зборува за своите потреби и желби на отворен начин. Тие земаат се што им треба од своите маневри. Создавањето чувство на вина е само еден од начините да се постигне тоа што тие го сакаат.
Еден од начините е и улога на жртва. Манипулаторите се однесуваат како да се големи жртви, и на тој начи ќе ве натераат да направите многу работи наместо нив, и кога тоа ќе го направите, обично ќе ви кажат дека не требало, затоа што тие немаат очекувања. Најдобра реченица да влезете во стапица е: ”Јас во тебе имам доверба, знам дека ти можеш тоа да го сториш добро”. Почекајте ја реакцијата и сами ќе сфатите дека во вашиот живот нема место за манипулатори.
5. Емоционалниот манипулатор игра валкано
Манипулаторот не ги решавава работите директно. Вообичаено, тој ви работи зад грб и ги инструира и другите луѓе да ви го кажат онаа што тие би го премолчиле. Тие ќе ви го кажуваат тоа што вие сакате да го слушнете, а потоа ќе направат нешто за да ве обструираат по системот: Едно зборува – друго прави.
Ако го опоменете за таквото однесување, манипулаторот најверојатно ќе каже дека вие сте неблагодарни затоа што тој барем ве сослушал и се сожалил на вашата ситуација. 6. Ако имате главоболка, емоционалниот манипулатор ќе има тумор на мозокот.
Без разлика на тоа колку ви е лошо, личноста која е манипулативна ќе покаже дека на неа и полошо сто пати повеќе. Тешко дека после некое време ќе почуствувате емоционалната поврзаност со манипулаторот бидејќи тој конверзацијата често ја навраќа на себе. Ако му предочите дека таквото однесување не е во ред, тој ќе направи се, вие да бидете виновникот за неговата лоша ситуација. Иако знаете дека тоа не е точно, манипулаторот ќе вложи додатни напори да го докаже спротивното. Не се замарајте, верувајте во себе и заминете од животот на манипулаторот.
7. Емоционалниот манипулатор има способност да изврши големо влијание над луѓето кои го опкружуваат
Кога се лути или тажни, тие ќе ги ангажираат сите луѓе од својата блиска околина за да им биде подобро. Ако останете во контакт со вакви луѓе, вие ќе заборавите на сопствените грижи, и ќе мислите дека вие немате право да бидете загрижени, и дека вашите грижи не се ништо во споредба со грижите на манипулаторот.
8. Емоционалниот манипулатор немаат никакво чувство на одговорност.
Тие не превеземаат никакво чувство на одговорност врз себе и своето однесување, и се се сведува на тоа дека само луѓето отстрана се должни да прават нешто за нив. Нивниот препознатлив начин да ве купат е делење на информации и наводна доверба во вас. Тоа ќе ви направи да помислите дека манипулаторот е сензитивна, емоционално отворена личност, и најверојатно ранлива. Меѓутоа, емоционалните манипулатори се емотивни и ранливи како секој добро истрениран пит бул, иако секогаш ќе изгледа дека тие се во големи проблеми и се што се очекува од вас е да им помогнете како знаете и умеете.
Внимавајте..
Овој вид луѓе ја цицаат секоја капка позитивна енергија во вас, а да вие и не приметувате дека сте само обичен плен на емоционалниот манипулатор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag