Тоа се жените кои секогаш ќе ги користиме само за секс и ништо друго!

popara6 февруари, 201417min00
6

Ефтина манипулаторка

Ефтин модел на однесување, невино трепкање со вештачките трепки, лижење на потечените од силикон усни – тоа девојки е провокативно, но никогаш, буквално никогаш не може да не натера да посакаме нешто посериозно со таква жена. Жена која нема проблем веднаш да си ги рашири нозете и која нема проблем да флертува со секој втор маж што ќе и даде комплимент или ќе ја части пијачка – епа никогаш не би ја побарале за жена!

Ако мислите дека паметен маж би трпел слични бедни манипулации, многу се лажете! Единствено и само би се забавувале со неа, не за друго, туку затоа што е многу лесно!

Патолошки зависна

Понекогаш ни се допаѓа жената да покаже дека има потреба од машка подршка, но…Има госпоѓици кои едноставно не ги бива да функционираат сами. Сакаат постојано да сме заедно, запаѓаат во чести состојби на очај, прават разни глупости и хистерични испади во момент на паника од страв дека ќе не изгубат. Дами, тоа е жално и одбивно. Немаме потреба ни желба да носиме таков терет на грб.

Арогантна шмизла, спонзоруша или забегана?

Овие жени ни за секс не ги бива, но ако случајно се излажеме еднаш, тоа тешко дека би го повториле. Станува збор за оние девојки кои си имаат проблеми во главата, и не само што не се свесни за тие проблеми, туку сметаат дека се симпатични. Тие обично залетуваат во крајни состојби на феминизам, веруваат дека ја научиле до совршенство техниката да се биде “современа кучка“. Зборуваат многу за себе, мислат дека тие ја раководат парадата, дека се главни риби во град, често на Фејс пишуваат “си грмиме“ и слични глупости, но вистината е дека се мизерни и смешни. Седат на сепаре во диско и мислат дека се на журка на Берлускони. Дома пијат ефтино вино во пластична амбалажа, но во град, ако некој ги почасти, обично нарачуваат Моет или некое коктелче. И така цела ноќ “си грмат“, а приказната завршува најчесто со раширени нозе во некоја грмушка на Водно🙂

Како заклучок сакам да цитирам еден колега: “На овие жени кои се фалат дека не “заебале“ и дека не искористиле, ќе им кажам дека кога ќе им порасне “патлак“ тогаш ќе разберат кој кого “чукал“.