Дание веќе подолго време изјавуваше дека му недостасува сериозна љубовна врска, па на забавата на списанието „Пулс”, на пејачот многу му се допаднала водителката Ена Попов и искоментирал дека има преубаво лице.
За време на интервјуто, Ена поминала покрај Даниел, кој се свртел за 180 степени и развлекол насмевка од уво до уво.
Кога го прашале со што пејачката и водителка го воодушевила, Кајмакоски изјавил:
– Дали виде какво убаво лице има, преубава е.
Сепак, набрзо открил дека секојдневно му се моли на Бога да не се вљуби.
– Навистина немам многу слободно време. Секојдневно имам некои состаноци, а кога сакам некој, сакам да и посветам целосно внимание. Ако сега се вљубам, потполно би ја изгубил главата. Затоа, секој ден го молам Бога да не се вљубам, изјавил Даниел Кајмакоски.
Навистина само лицето и е добро