
Во овој дел за прв пат ќе го видиме Марк Волберг во главната улога како замена за Шија Лебоф, кој беше на ова место во првите три филма. Трејлерот ни кажува дека од овој летен блокбастер може да очекуваме многу акција, авантура и уништување на околината – типично за филм на Мајкл Беј.
Во „Transformers: Age of Extinction” ќе глумат Марк Волберг, Стенли Тучи, Келси Грамер, Никола Пелц, и други.
Премиерата на филмот во кино салите е закажана за на 27-ми јуни годинава.
Погледнете го трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=ubGpDoyJvmI