Треба ли да ги вакцинираме децата?

popara26 април, 20141min01
17

Имунизацијата може да го спаси животот на вашето дете. Заради напредокот на сета медицинска наука, вашето дете може да биде зашитено од повеќе болести отколку кога било порано. Некои болести кои некогаш повредувале или убивале илјадници деца денес се сосема елиминирани, а други се на прагот да бидат елиминирани – првенствено заради безбедноста и ефикасноста на вакцините. Еден од примерите е големото влијание кои вакцините го имаат во елиминација на полиото (детската парализа) во САД. Полиото порано било најстрашната закана во Америка, и беше причина за смрт и парализа во земјата, но денес благодарение на вакцинацијата не е пријавен ниту еден случај на полио во САД. Вакцинацијата е многу безбедна и ефикасна. Вакцините им се даваат на децата само по долго и внимателно следење од научниците, лекарите и од професооналците за здравје. Вакцините можат да предизвикаат некои непријатности и можат да предизвикаат болка, црвенило или затврднување на местото на инјектирањето, но ова е минимално во однос на болката, непријатноста и траумата од болеста која овие вакцини ја сречуваат. Сериозните нус-појави по вакцинацијата, како што се силните алергиски реакции, се многу ретки. Користа од спречувањето на болеста со добивање на вакцината за скоро сите деца е многу поголема отколку можните нус-појави.

Имунизацијата ги штити и другите кои ви се најмили. Децата во САД сеуште закачуваат болести кои можат да се спречат со вакцини. Всушност, во изминативе години гледаме пораст на малите сипаници и црната кашлица (пертусис). Во 2010 година, во САД имало 21.000 случаи на црна кашлица и пријавени се 26 починувања, повеќето кај деца помали од шест месеци. За несреќа, некои бебиња се премалечки за да бидат целосно вакцинирани, а некои луѓе можеби не можат да примат извесни вакцини заради силните алергии, ослабнатиот имунолоши систем од состојбите како леукемија, или заради други причини. За безбедно да им помогнеме, важно е вие и вашите деца да можете да примите вакцини и да бидете целосно имунизирани. Ова не само што го прави побезбедно вашето семејство, туку спречува болестите да се прошират и кај вашите пријатели и блиски.

Имунизацијата ќе ви заштеди и време и пари. На деца кои имаат болест кои можат да се спречат со вацини, можеби нема да им биде дозволен престој на училиште или во други детски установи. Некои болести кои можат да се спречат со вакцини може да резултираат со продолжена неспосбност и можат финансиски многу да чинат заради вашето загубено време на работа, медицинските сметки или заради долгорочна здравствена нега. Како спротивност на ова, добивањето на вакцини против овие болести е добра инвестиција и е вообичаено покриено со здравственото осигурување. Програмата „Вакцинација на децата“ (ВФЦ) е програма покриена од федералната влада преку која се обезбедуваат бесплатни вакцини за децата од економски послабите семејства. За да дознаете повеќе за ВФЦ програмата, посетете ја http://www.cdc.gov/vaccines/programs/vfc/ или прашајте ги професионалците за детска здравствена грижа.

Имунизацијата ги заштитува следните генерации. Вакцините ги намалија и во некои случаи сосема елиминираа многу болести кои само до пред неколку генерации убиле или опасно им наштетиле на луѓето. На пример, вакцинирањето против мали сипаници ја елиминираа ова болест низ целиот свет. Вашето дете не мора повеќе да добива инекции против мали сипаници, затоа што оваа болест едноставно повеќе не постои. Со вакцинација на децата против рубела (големи сипаници) ризикот бремените жени да избегнат вирусот да се пренесе кај нивниот фетус или новороденче е драматично намален, а вродените болести поврзани со овој вирус повеќе ги нема во САД. Ако сега продолжиме да вакцинираме, и тоа со целосна вакцинација, родителите ќе можат да сметаат на тоа дека некои денешни болести во иднина нема да постојат за да ги повредуваат нивните деца.

One comment

  • Koki

    26 април, 2014 at 08:56

    a lek za autizam, epilepsii i alergii i red drugi bolesti shto gi stvarat vakcinite??? Samo ednata strana od prikaznata ubavo raskazana ste prikazale!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag